Дома Топ вести Додека се слави Скудетото, Малдини го договори „новиот Де Брујн“

Додека се слави Скудетото, Малдини го договори „новиот Де Брујн“

Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.

21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, оваа сезона блесна во дресот на Клуб Бриж.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Белгиецот постигна 18 гола и 10 асистенции и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со Бриж, кој за неговата слобода бара 30 милиони евра.

„Росонерите“ првично понудиле 25 милиони евра, па се очекува во наредните денови преку преговори да ја надминат разликата.

Де Кетелар веќе го доби епитетот „новиот Де Брујн“ и сигурно ќе биде големо засилување за Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…