Диего Коста е на излезна врата од Челзи, а ако им се верува на медиумите веќе е позната следната дестинација на контроверзниот напаѓач.
Диего Коста беше поврзуван со неколку кинески клубови кои му нудеа вистинско богатство, но изгледа напаѓачот има други планови.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Имено, тој по секоја цена сака да се врати во Атлетико Мадрид и покрај фактот што „јорганџиите“ немаат право да регистрираат играчи до јануари 2018 година.
Шпанските медиуми тврдат дека напаѓачот постигнал договор со Атлетико и дека е спремен да паузира до јануари само да се врати во својот бивши клуб.
Шпанскиот клуб е спремен да плати 35 милиони евра за неговиот потпис, а англиските медиуми тврдат дека двата клуба се блиску до договор.