Дома Фудбал Италија Договорот на Буфон истекува, Јувентус донел одлука

Договорот на Буфон истекува, Јувентус донел одлука

Џанлуиџи Буфон (42) се наоѓа во групата фудбалери на кои договорите им истекуваат на крајот од јуни.

Како што пренесува реномираниот „Скај Спорт“ Буфон со професионален фудбал ќе се занимава уште една година затоа што Јувентус спрема нов договор за него.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Легендарниот италијански голман наскоро ќе потпише нов едногодишен договор со „статата дама“ и неговиот потпис е само формалност.

Буфон во професионалниот фудбал дебитираше во 1995 година кога се уште го немаше прославено 18. роденден.

Со оглед дека Јувентус не испадна од Лигата на шампионите во август го чека реваншот од осминафиналето против Лион Буфон ќе има уште најмалку две шанси да го освои трофејот кој му недостасува. Поразен во финалињата беше во 2003, 2015 и 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

VIDEO Португалските фудбалери скршени од болка – во солзи и грч за време на минутата молк за Жота

ФУДБАЛЕРИТЕ на Флуминенсе и Ал-Хилал играа во четвртфиналето од Светското клупско првенств…