Дома Фудбал Англија Договорите со Молде и Кардиф се доказ колку Солскјер го сака Манчестер Јунајтед

Договорите со Молде и Кардиф се доказ колку Солскјер го сака Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјер кон крајот на минатата година од Жозе Мурињо го превзема кормилото на Манчестер Јунајтед, клуб каде што како играч помина 11 години.

Норвежанецот ги препороди „црвените ѓаволи“ и сигурно е дека неговиот статус на привремен тренер наскоро ќе биде променет и ќе добие долгогодишен договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доколку се прашуваат навивачите и играчите тоаа воопшто не би било прашање. Норвежанецот ги купи пред се со својата љубов кон клубот, а потоа и со резултатите.

Доказ колку Солскјер го сака својот клуб и колку сонувал да биде тренер во Јунајтед се клазулите кои ги имал во договорите со неговите претходни клубови – Кардиф и Молде.

„Се погрижив да имам нешто како клазула во своите договори која гарантираше дека ќе ме пуштат ако пристигне повик од Манчестер Јунајтед. Наречете ме глупав или амбициозен, но од кога го тренирав резервниот тим сонував да станам тренер на првиот тим…Сакам да бидам свој човек. Манчестер Јунајтед има стил по кој е препознатлив и мене тој одлично ми одговара“, изјави Солскјер.

Солскјер призна и дека после сезоната во која неговиот Кардиф испаднал од Премиер лигата во 2014 година сметал дека повик од Манчестер Јуанјтед нема да добие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…