По веста дека Осимен се договорил со Ал Ахли, пристигнува уште една информација – во овој клуб се сели и Ајван Тони.
Напаѓачот на Брентфорд пристигнува во саудискиот клуб да игра во тандем со Осимен и за него ќе платат сума од 42 милиони евра оштета.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тони денеска треба да ги помине медицинските прегледи по што ќе следи и комплетирање на трансферот.
Договорот кој ќе го потпише напаѓачот ќе биде со важност до 2027 година. Во тој период Тони ќе заработи 54 милиони евра со оглед на тоа што се договори за плата од 18 милиони евра по сезона.