Дома Трансфер зона Договорено: Баерн плаќа 20 милион за Французин!

Договорено: Баерн плаќа 20 милион за Французин!

Баерн Минхен донесе конечна одлука и сигурно ќе го откупи договорот на францускиот репрезентативец, Квинсли Коман кој е на позајмица од Јувентус.

Коман пристигна во Баерн на двегодишна позајмица за која Баварците платија 7 милиони евра, но на крајот на сезоната ќе имаат можност да го откупат во целост неговиот договор за додатни 20 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Коман во својата втора сезона не игра баш на највисоко ниво, но сепак челниците на баварскиот гигант одлучија да ја активираат клаузулата за негов целосен откуп.

„Имаме опција до 30 април да го откупиме неговиот договор. Мислам дека готово сигурно ќе го направиме тоа и Коман ќе остане во Баерн и следната сезона“, изјави извршниот директор на Баерн, Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…