Дома Фудбал Англија Добри вести за Јунајтед, но и за Ливерпул: Сити утре ќе игра без еден од најдобрите

Добри вести за Јунајтед, но и за Ливерпул: Сити утре ќе игра без еден од најдобрите

Tренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола денес потврди дека еден од најдобрите играчи на овој тим, Кевин Де Брујн нема да игра во утрешното дерби против Манчестер Јунајтед. 

Ќе потсетиме, Де Брујн се повреди пред неколку дена против Тотенхем и од игра мораше да излезе во 38-та минута кога на негово место на теренот влезе Фернандињо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гвардиола веднаш после натпреварот изјави дека Белгиецот веројатно ќе пропушти неколку натпревари, а на денешната прес конференција потврди дека Де Брујн сигурно нема да игра против Јунајтед.

„Во прашање е проблем со мускулот и ќе видиме во наредните денови како ќе се одвива ситуацијата, но за утрешниот натпревар сигурно нема да биде спремен“, изјави Пеп на денешната конференција.

Белгиецот против Тотенхем го запиша својот само 22-ри натпревар во сите натпреварувања оваа сезона, а причина за тоа се проблемите со повреди кои ги имаше во текот на сезоната.

Де Брујн беше надвор од терените девет недели поради повреда на десното колено, потоа беше шест недели поради повреда на левото колено и уште три недели отсуствуваше поради повреда на тетивата.

Ќе потсетиме утрешниот натпревар е и тоа како важен во борбата за титулата во која Манчестер Сити засега има предност, но доколку „граѓаните“ направат само еден кикс Ливерпул ќе добие можност во самата завршница да влезе со пол позиција. Воедно ова дерби е и последен потежок натпревар за тимот на Пеп до крајот потоа ги очекуваат три натпревари во кои ќе бидат изразити фаворити.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…