Дома Фудбал Италија Добри вести за Наполи: Милик се враќа во јануари!

Добри вести за Наполи: Милик се враќа во јануари!

Напаѓачот на Наполи, Аркадиус Милик, три месеци порано од предвиденото ќе се врати на фудбалските терени, пренесуваат италијанските медиуми.

Милик во октомври ги повреди вкрстените лигаменти на коленото, првичните прогнози беа дека тој ќе отсуствува до април, но „Кориере дело Спорт“, тврди дека тој ќе биде подготвен да се врати во тимот на почетокот на годината.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Милик, се повреди на квалификацискиот натпревар Полска-Данска, кога ги скина вкрстените лигаменти во коленото. Вообичаена пауза за ваквите повреди е шест месеци, но според лекарите коленото на Милик одлично реагира на терапиите и тој на терените ќе се врати три месеци порано.

Полјакот би требало да биде подготвен за дуелот со Милан кој на програмата е на 22 јануари наредната година.

Милик во Наполи пристигна од Ајакс како замена за Гонзало Игуаин и веднаш се наметна како прва опција во нападот, до повредата тој постигна седум голови на девет одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фламенго: Винисиус, те чекаме кога ќе ти заврши договорот

Шансите Винисиус Жуниор да остане во Реал Мадрид по летото 2027 година се минимални. Впеча…