Албасете и Хуеска се сретнаа во рамките од 12 коло во шпанската лига, а натпреварот беше обележан со повредата на гостинскиот фудбалер Мариано Битоло кој заработи 10 конци во близина на неговата „гордост“.
Се играше 82 минута, Албасете напаѓаше и топката од десната страна беше уфрлена во шеснаесетникот, каде што ја чекаа двајца фудбалери на домашната екипа. Марио Битоло очекуваше дека може да ја расичисти опасност, но за негов ужас неговиот соиграч Роман Зозуљ со една невинмателна реакција го удри на најнезгодното место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Несреќниот Аргентинец падна во агонија и со раката на неговата „гордост“ се превиткуваше на теренот. Иако успеа да стане, дури и да ја провери „штетата“, тој веднаш беше заменет.
Клупскиот доктор неколку часа по натпреварот откри дека биле потребни десет конци за да се санира повредата на Битоло.