Дома Топ вести Доби нов договор, па ја состави трансфер листата: Ова се главните мети на Солскјер

Доби нов договор, па ја состави трансфер листата: Ова се главните мети на Солскјер

Оле Гунер Солскјер дојде како привремен тренер на кормилото на Манчестер Јунајтед, но со добрите резултати му го промени мислиењето на раководството.

Норвешкиот тренер денес потпиша тригодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“, па веќе почнал да ја планира следната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јасно е дека на „црвените ѓаволи“ им се потребни засилувања за да можат да бидат конкурентни за титулата, а сега се откриени и главните трансфер мети на Солскјер.

Приоритет ќе биде врвен централен дефанзивец, а англиските медиуми тврдат дека тоа најверојатно ќе биде Тоби Алдервајлед кој може да пристигне од Тотенхем за „само“ 25 милиони фунти.

Примарна трансфер цел е Џејдон Санчо, младиот фудбалер на Борусија Дортмунд кој оваа сезона докажа дека се работи за неверојатен потенцијал и играч кој би можел да биде една од најголемите ѕвезди во иднина.

Овој 18-годишен фудбалер веќе ја воодушеви Германија, но и Европа, па тешко дека „милионерите“ ќе можат да го задржат уште долго во своите редови.

Наводно „црвените ѓаволи“ веќе започнале преговори со неговиот агент и се спремни да понудат 80 милиони евра за неговиот потпис.

На „Олд Трафорд“ би можел да пристигне и Филипе Кутињо, фудбалерот на Барселона кој игра под сите очекувања оваа сезона на „Камп Ноу“, а сигурно дека ќе биде засилена и десната бековска позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…