Златан Ибрахимовиќ ја напушти МЛС лигата кон крајот на 2019 година, а за него во САД се уште се зборува.
Шведскиот напаѓач имаше две одлични сезони во ЛА Галакси, но очигледно дека не оставил добар впечаток кај некои негови соиграчи.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Неодамна Жоао Педро зборуваше дека Златан имал многу арогантен однос со соиграчите, а сега Емилијано Инсуа во разговор со Ибра раскажа дека Швеѓанецот не бил баш омилен во соблекувалната.
„Ми кажаа дека не бил баш најдобар соиграч и дека затоа замина. Како фудбалер е добар, но како што ми кажаа кон соиграчите бил прилично лош. Јас не го познавам, но знам дека е чуден. Кога дојдов во Галакси ми раскажаа одредени работи кои се прилично незгодни и приватни. Не би било во ред повеќе да зборувам за некој кој не го познавам и со кој не сум играл никогаш“, изјави Инсуа.
Ибрахимовиќ постигна 52 гола на 56 настапи за Галакси и самиот себе се смета за најдобар играч во историјата на МЛС.
„Правев некои неверојатни и перфектни работи. Не се шегувам, себе се сметам за најдобар фудбалер во историјата на МЛС. На ваков начин може да играм каде сакам“, изјави во една прилика шведскиот напаѓач.