Дома Трансфер зона Доаѓањето на Азар би можело да значи и заминување на ѕвездата на Реал во Манчестер Јунајтед?

Доаѓањето на Азар би можело да значи и заминување на ѕвездата на Реал во Манчестер Јунајтед?

Марко Асенсио е еден од најталентираните шпански фудбалери, а со своите игри минатата сезона го воодушеви фудбалскиот свет.

Асенсио покажа дека станува збор за одличен фудбалер, но во досегашниот дел од сезоната и не се наигра во дресот на „Кралскиот“ клуб. Шпанскиот фудбалер на крајот на оваа сезона би можел да го напушти Реал Мадрид, а неговиот статус во клубот зависи од тоа дали Еден Азар на лето ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Белгијанецот се уште не го продолжи договорот со Челзи, а многумина сметаат дека Азар од следната сезона ќе биде жител на Мадрид. Флорентино Перез не ја крие желбата дека би сакал да го види овој играч во дресот на Реал и сигурно дека ќе се обиде во летниот трансфер период да го доведе во Мадрид.

Но, со евентуално доаѓање на Азар сигурно дека ќе има и заминувања од „Бернабеу“. Според пишувањето на шпанските медиуми, Перез е подготвен да го продаде Асенсио, бидејќи со доаѓањето на Азар не би се вклопил во тактиката на овој клуб. Расплетот од ситуацијата внимателно го чека Манчестер Јунајтед, кој би сакал да го доведе Асенсио. Мурињо во неколку наврати изјави дека станува збор за одличен играч и изгледа дека Асенсио е една од најголемите желби на „Црвените ѓаволи“ за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан спрема понуда за Арда Гулер

Милан е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, пренесуваат …