„Старата дама“ продолжува во свој стил.
Фудбалерот на Ливерпул, Емре Џан ќе биде првото засилување на Јувентус во летниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што потврди „Скај Спорт Италија“, Џан шест месеци пред истекот на договорот постигнал договор со неговиот нов клуб, а тоа ќе биде Јувентус.
„Старата дама“ се обидуваше да го доведе Џан во јануари, но Ливерпул одби девет милиони евра за Германецот кој како слободен фудбалер за шест месеци ќе пристигне во Торино.
Џан не сакаше продолжување на договорот со „црвените“, го избра Јувентус за своја нова дестинација кој со тоа ја продолжи традицијата на доведување одлични фудбалери без оштета.
Да потсетиме во изманитете години во Торино без оштета пристигнуваа Пол Погба, Дани Алвеш, Патрис Евра, Андреа Пирло, Фернандо Љоренте, Кингсли Коман, а претходно Фабио Канаваро и Лука Тони.
Emre Can has decided to join Juventus in June – now confirmed by the very reliable @DiMarzio from Sky Sport Italia. pic.twitter.com/lvBlSkjxg7
— Juvefc.com (@juvefcdotcom) January 4, 2018