Лондонски Арсенал наводно спремил големо засилување за крај на преодниот рок.
Како што објави Џанлука Ди Марцио во Арсенал спремиле понуда за аргентинскиот напаѓач од редовите на италијанскиот шампион Интер, Лаутаро Мартинез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Почетните преговори за трансфер веќе започнаа, но се уште нема официјална понуда.
„Арсенал е првиот тим кој влегол во конкретни преговори за Латуаро. Разговорите се направени, но нема премногу детали за тој разговор“, истакна Ди Марцио.
Лаутаро Мартинез зад себе има одлична сезона во дресот на Интер со кој освои Скудетото, а потоа со репрезентацијата на Аргентина триумфираше во Копа Америка.
Аргентинскиот напаѓач во претходните месеци се поврзуваше со Барселона. Меѓутоа иако постоеше интерес трансферот не се реализираше поради финансиските проблеми во каталонскиот тим.