Дома Фудбал Останато Ди Марија откри кој е најлошиот тренер во неговата кариера

Ди Марија откри кој е најлошиот тренер во неговата кариера

Aргентинецот, Анхел Ди Марија нема проблем јавно да зборува за неговото лошо искуство во Манчестер Јунајтед каде што вели дека работел со најлошиот тренер во неговата кариера.

Станува збор за Луис Ван Гал кој во тој период го водеше Јунајтед. Иако поминаа десет години од нивната соработка, Аргентинецот не заборава што се случувало на „Олд Трафорд“.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


„Луис Ван Гал е најлошиот тренер кој некогаш сум го имал, никогаш нема да се уморам од повторување на тоа“, искоментира Ди Марија.

Потсети Аргентинецот и дека Аргентина ја исфрли Холандија на пенали.

„Ги победивме на пенали, иако тој кажа дека нема да го направиме тоа, се правеше дека знае се. На крајот да кажеме дека си „изеде“ своите зборови“, не штедеше критики Ди Марија.

Под водство на Ван Гал, Ди Марија одигра 32 натпревари и постигна само четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Без голови на дербито, Миовски не доби шанса во Париз

Манчестер Сити и Интер одиграа меч без голови, ПСЖ во последните минути ја победи Џирона, …