Аргентинската ѕвезда Анхел Ди Марија моментално настапува за Бенфика, а кариерата би сакал да ја заврши во Росарио.
Аргентинецот сега добил морбидни смртни закани во семејната куќа на периферијата на градот Росарио, кој е среде бранот на насилство во трговијата со дрога.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Локалните медиуми јавуваат дека непознати лица оставиле заканувачка порака пред приватниот кварт во кој вообичаено престојува аргентинската ѕвезда, само седум дена откако изјавил дека би сакал да ја заврши кариерата во клубот од своето детство, Росарио Централ:
„Кажете му на вашиот син Анхел да не се враќа во Росарио, бидејќи некој од вашето семејство ќе го загуби животот. Ниту Пуларо нема да те спаси. Не оставаме никаква порака зад нас само куршумите и телата остануваат“, се вели во морбидната порака.
Инаку споменатиот Максимилијано Пуларо е гувернер на провинцијата, а останува да се види какви ќе бидат плановите на Ди Марија по ваквата порака.