Дома Трансфер зона Ди Марија го напушта ПСЖ – новата дестинација големо ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Ди Марија го напушта ПСЖ – новата дестинација големо ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Фудбалерот на Пари Сент Жермен, Анхел ди Марија е на чекот од заминување од клубот, но ваков расплет на ситуацијата никој не очекуваше.

Ди Марија во финишот на преодниот рок беше могу блиску да се пресели во Барселона, но ПСЖ го стопираше тој трансфер, па сега Каталонците се откажаа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Светците“ мораат да го продадат Ди Марија во јануари поради финансискиот фер-плеј, а последните информации говорат дека Аргентинецот нема да заврши во некој европски гигант.

Француските медиуми пренесуваат дека Ди Марија во јануари би можел да се пресели во Кина, бидејќи од таму се очекуваат најголемите понуди.

Ди Марија веројатно нема да биде задоволен од ваквиот расплет, но медиумите тврдат дека до нега пристигнала богата понуда од Кина која го ставила на размислување.

Тешко дека некој европски гигант ќе може да ја израмни понудата на богатите Кинези!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…