Дома Трансфер зона Директорот на Јувентус: Размена Артур – Пјаниќ? Разговараме со Барселона

Директорот на Јувентус: Размена Артур – Пјаниќ? Разговараме со Барселона

Миралем Пјаниќ во изминатите неколку денови констатно се поврзува со екипата на Барселона.

Шпанските и италијанските медиуми пренесоа информација дека „старата дама“ го нуди Пјаниќ во замена за Артур од Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дека преговори навистина постоеле денес за „Скај Спорт“ потврди директорот на Јувентус, Фабио Партичи.

„Размена Артур – Пјаниќ? Разговаравме со Барселона, но и со неколку други големи клубови. Ова лето кога се трансферите во прашање ќе биде поинакво. Постојат идеи, ќе има размени и новости во трансферите“.

Погба?

Погба е фантастичен играч. Сепак, одредени работи ќе се променат после кризата и сега само одреден број клубови можат на Пол да му гарантираат висока плата“.

Исто така, Партичи потврди дека Џорџо Киелини и Џанлуиџи Буфон ќе останат членови на Јувентус и наредната сезона, како и дека со Дибала се преговара за повеќегодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Пресврт: Модриќ става потпис на нов договор

Иако се очекуваше ова да биде последната сезона на Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид, с…