Спортскиот директор на шведски Хамарби, Јеспер Јансон потврди дека постојат реални шанси да го ангажираат Златан Ибрахимовиќ за новата сезона.
Напаѓачот на Милан помина дел од карантинот во Шведска, со играчите на Хамарби каде што е сопственик на 25% од акциите на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ибрахимовиќ ќе се врати во Италија да ја заврши сезоната со Милан, но неговата иднина е неизвесна, а постои голема можност да се врати во Шведска.
„Беше многу позитивно тоа што беше со нас некое време. За мене и за клубот, тоа го привлече вниманието на медиумите. Постои можност тој да игра за нас, верувајте. Но само Златан знае дали тоа ќе се случи. Знам дека тој нема ништо да каже додека не биде 100% сигурен“, изјави Јансон.