Дома Фудбал Италија Директорот на Милан: Финансиски сме стабилни и можеме да инвестираме

Директорот на Милан: Финансиски сме стабилни и можеме да инвестираме

Генералниот директор на Милан, Иван Газидис истакна дека клубот ја вратил финансиската стабилност и е спремен да инвестира во нов стадион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Газидис потврди дека Милан само во последната година потпишал 27 нови спонзорски договори и дека со враќањето во Лигата на шампиони клубот ја вратил финансиската стабилност.

„Ова лето Милан беше еден од ретките клубови кои можеше да инвестира на трансфер пазарот. Клубот моментално е без долговори и секоја година ќе можеме да инвестираме уште повеќе“, истакна Газидис.

„Најважно од се е да изградиме нов стадион. Ние сме спремни за таква инвестиција и се надевам дека наскоро ќе започнеме со изградбата. Тоа ќе донесе можност за уште поголема заработка и инвестиции“, додаде директорот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трансферот на македонскиот репрезентативец Елмин Растодер е пред реализација!

Македонскиот репрезентативец, Елмин Растодер е пред реализација на трансфер во Панатинаико…