Генералниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке ги коментираше шпекулациите за евентуален трансфер на Ерлинг Халанд.
Халанд цело лето беше во центарот на вниманието поради интересот на европските гиганти, а медиумите не престануваат да пишуваат дека следното лето ќе ја напушти Борусија Дортмунд.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
„Сите овие гласини дека треба да го продадеме Ерлинг се чиста глупост. Постојано слушам такви приказни, читам разни шпекулации, а единствената вистина е дека самиот Ерлинг ќе одлучи. Ниту сум оптимист, ниту пак сум песимист“, изјави Вацке.
„Фактот што го продадовме Санчо беше од друга причина, а тоа е дека не беше конкурентен во англиската репрезентација и сакаше да се врати во Англија за да има повеќе внимание“, додаде директорот на „милионерите“.