Динамо Загреб е еден од најсилните и најстабилни клубови на Балканот. Овој тим во последните години заработи навистина многу од скапите продажби и редовното учество во европските натпреварувања, сепак кризата која ја создава пандемијата од коронавирусот ги погоди и нив.
Имено, сите фудбалери на Динамо, па така и македонскиот репрезентативец кој е капитен на „модрите“ Арјан Адеми додека трае паузата ќе добиваат една третина од платата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кратењето на платите Динамо го направи за никој од клубот да не си замине од работното место во време кога клубот ги нема вообичаените приходи.
Одлуката за кратење на платите ќе важи се додека тимот не го одигра првиот официјален натпревар. Засега никој точно не може да предвиди кога повторно ќе се игра фудбал, се зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата.
Инаку, договорено е втората третина играчите да ја добијат во рок од шест месеци после одигрувањето на првиот официјален натпревар, додека третата нема да им биде исплатена.
Оваа мерка нема да важи за вработените во клубот кои имаат плата под или од 1.000 евра која е просечна во клубот, тие платата ќе ја добиваат во целост како и до сега.
Сличен потег на Динамо направи и Борусија Дортмунд која ги скрати платите на играчите за 20% со цел сите 850 вработени во клубот да останат на работа и да ја добиваат стандардната плата.