Дома Македонски спорт Мак фудбал Динамо Загреб и поранешен премиерлигаш ќе бидат противници на Вардар!

Динамо Загреб и поранешен премиерлигаш ќе бидат противници на Вардар!

Од редовите на Вардар денеска ги потврдија двата силни теста против Динамо Загреб и поранешниот премиерлигаш Свонси. 

Првиот натпревар против актуелниот и повеќекратен шампион на Хрватска, ќе се одигра на 23.07.2024, на популарниот стадион ,,Максимир” во Загреб. Натпреварот ќе започне во 19:00ч, а истиот ќе има посебна важност, бидејќи ќе биде одигран по повод 77 роденден на фудбалскиот клуб Вардар.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Вториот натпревар, против екипата на Свонси, ќе биде одигран 27.07.2024 на стадионот ,,FC Pinggau Friedberg” во Австрија, со почеток од 12:00ч.

Свонси е десеткратен освојувач на купот на Велс, актуелен член на Англиската Чемпионшип лига и првиот клуб од Велс кој во 2011 заиграл во Премиер лигата. Клуб со богата историја, кој ужива голема почит и респект, како во Европа така и во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…