Дома Останати Тенис Димитров во неверојатен натпревар го победи Федерер за полуфинале на УС Опен

Димитров во неверојатен натпревар го победи Федерер за полуфинале на УС Опен

Роџер Федерер го заврши настапот на овогодинешниот турнир УС Опен.

Во четвртфиналето на последниот Гренд Слем оваа сезона легендарниот Швајцарец загуби од бугарскиот тенисер Григор Димитров со 3:2, по сетови (3:6, 6:4, 3:6, 6:4, и 6:2).

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Димитров два пати губеше во сетови. Меѓутоа, проблемите со грбот кои ги имаше Федерер на крајот му го отворија патот кон победата и на крајот бугарскиот тенисер се пласираше во полуфиналето.

Во одлучувачкиот сет Федерер зеде медицински тајм-аут, па потоа беше надвор од теренот подолго време и се чинеше дека не може да издржи уште многу.

Димитров тоа го искористи. Дојде до предност од 4:0 и потоа лесно го заврши мечот за пласман во полуфинале, каде ќе се сретне со Медведев.

Димитров стана најслабо рангираниот полуфиналист на УС Опен уште од Џими Конорс. Бугарскиот тенисер пред турнирот беше 78. на светот, а Конорс во далечната 1991. година беше на 174. место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Виландер: Ѓоковиќ треба да игра во Монте Карло

Финалето на Мастерсот во Мајами беше во понеделник наутро по европско време, следниот Маст…