Дома Останати Тенис Еден тенисер доживеа поголема трагедија од Димитров: Имаше 2-0 и четири поени го делеа од победа кога мораше да се откаже

Еден тенисер доживеа поголема трагедија од Димитров: Имаше 2-0 и четири поени го делеа од победа кога мораше да се откаже

Бугарскиот тенисер Григор Димитров синоќа го напушти осминафиналето на Вимблдон на драматичен начин, предавајќи му го мечот на Јаник Синер и покрај водството од два сета. Но, верувале или не, ова не е најтежок пример на предавање во историјата на Грен Слем турнирите.

Димитров ги освои првите два сета против најдобриот играч на светот и беше на пат да постигне еден од најголемите триумфи во неговата кариера. Меѓутоа, поради повреда при сервисирање во третиот сет, беше приморан да го предаде мечот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Не е чудо што горко заплака откако се повреди, бидејќи ова му беше петтиот последователен Грен Слем на кој се предава. Таков инцидент не е забележан во историјата до сега.

Сепак, тоа не е најдраматичното откажување на еден Грен Слем. Постоеше трагедија што го задеси францускиот тенисер Пол-Анри Мато во 2007 година.

Мато мораше да го предаде натпреварот на Австралија Опен та 2007 година, откако водеше против Фернандо Вердаско со 2:0 во сетови и 3:0 во тај-брејкот на третиот сет. Му недостасуваа само четири поени за победа.

Вердаско речиси немаше никакви шанси пред да се случи повредата на Мато во критични моменти, поради која на крајот се повлече со тага од турнирот.

Уште еднаш во историјата, играч што водеше со 2:0 во сетови беше принуден да се повлече. Тоа се случи во далечната 1969 година на Ролан Гарос, кога канадскиот тенисер Мајкл Белкин му го предаде мечот на Жорж Говен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Организаторите го „одврзаа ќесето“: Наградниот фонд на Ролан Гарос изнесува речиси 62.000.000 евра

Наградниот фонд на годинешното Отворено превенство на Франција, Ролан Гарос во Париз, е зг…