Дома Останати Кошарка Димитријевиќ одигра натпревар за паметење и го фрли на „колена“ големиот Реал Мадрид

Димитријевиќ одигра натпревар за паметење и го фрли на „колена“ големиот Реал Мадрид

Maкедонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ го одигра неговиот најдобар натпревар во Евролигата и со 22 поени ја предводеше Олимпија Милано до голема победа над Реал Мадрид со 85:76.

Димитријевиќ беше во главна улога на теренот и блескаше уште од самиот почеток, а посебно играше на високо ниво во првото полувреме во кое постигна 15 поени.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во второто додаде уште седум, но имаше уште три асистенции и еден скок. Кога е натпреварот во прашање Милано беше во предност целиот натпревар, додека во последната четвртина дојде и до водство од 22 поени разлика.

Реал Мадрид до крајот успеа само да го ублажи поразот. Зад Димитријевиќ следеше Зек Ледеј со 17 поени, додека на спротивната страна Хезоња и Ибака уфрлија по 13 поени. За екипата на Милано ова беше трет триумф во Евролигата сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Срамно: Вечерва намерно запален баскет теренот во Радишани (Видео)

Вечерва во Радишани се случил инцидент во кој намерно бил запален теренот кој важи за еден…