Диего Коста даде големо интервју за „ЕСПН“ во кое помеѓу другото зборуваше и за тоа како во 2014 година одел на лекување во Белград кај докторката Маријана Ковачевиќ која често пати се служеше со методи кои јавноста ги оспоруваше.
Коста беше повреден пред финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид и спасот го побарал кај докторката Ковачевиќ кај која пред него се лекувале Алексис Санчез, Дејан Станковиќ како и многу други познати спортисти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се каам што прифатив непроверена метода на лекување и отидов кај таа докторка. Имаше разни приказни, но многу од нив беа лажни. Точно дека одев на терапија, а докторката додека бев на електрошок испуши две цигари. Имав два третмани од по два часа. Пред тоа мускулот страшно ме болеше, по терапијата не чувствував болка“.
„Тогаш се случи и еден од најтешките моменти во мојата кариера. Пред да истрчам на терен во финалето од Лигата на шампионите почувствував грч кога потскокнав. Се обидов да играм, но не можев. Подобро да не пробав и да не одев на лекување, барем некој соиграч кој беше здрав ќе добиеше прилика“, раскажа Коста.