Дома Фудбал Диего Коста оди на операција: Познато до кога ќе отсуствува!

Диего Коста оди на операција: Познато до кога ќе отсуствува!

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста денес ќе отпатува во Бразил, каде во среда ќе биде опериран, пренесуваат шпанските медиуми.

Лекарите и фудбалерот одлучија дека најдобро решение во моментов е хируршка интервенција која ќе ги реши проблемите. Диего Коста сам побарал да игра на вчерашниот меч против Џирона, но потоа станало јасно дека мора да оди на операција.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Диего Коста иако со болки, го одигра целиот меч против Џирона. Се очекува да биде надовор од терените околу 10 седмици, па од клубот се надеваат дека ќе се врати во февруари за осминафиналниот натпревар од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверство или нешто друго: Дали Ана е виновна за разделбата на Јамал со девојката? (Фото)

Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал неодамна потврди дека ја прекинал врската со аргентинс…