Дома Фудбал Диего Коста незадоволен: Сака плата колку што има Гризман или заминува?

Диего Коста незадоволен: Сака плата колку што има Гризман или заминува?

Диего Коста наводно е незадоволен со својот статус и размислува да го напушти Атлетико, ако клубот не реагира.

Шпанските медиуми пишуваат дека натурализираниот Шпанец е спремен да го напушти Атлетико бидејќи според него клубот не го почитува доволно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поради понудата од Барселона, Атлетико беше принуден да ја зголеми платата на Антоан Гризман со цел да го задржи во клубот. Французинот според сегашниот договор заработува 20 милиони евра.

Диего Коста во Атлетико добива осум милиони годишно и според „Марка“ таквата ситуација е причина за незадоволство кај напаѓачот.

Реномираниот шпански медиум тврди дека Коста веќе разговарал со управата и сака зголемување на платата, дури се наведува и дека најавил заминување доколку тоа не се случи.

https://www.youtube.com/watch?v=pVwTCqIqkz4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исак e новиот голгетер во Ливерпул! Но, до полноќ пристигнува и уште еден фудбалер!

Александер Исак конечно го засилува нападот на Ливерпул! Според информациите, Ливерпул пон…