Дома Топ вести Диего Коста вчера после дивеењето заплакал во соблекувалната

Диего Коста вчера после дивеењето заплакал во соблекувалната

Големото дерби помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид вчера беше обележано со срамниот потег на Диего Коста кој поради грди пцовки кон главниот судија заработи црвен картон.

Барселона го победи Атлетико со 2:0 и така скоро и да ја обезбеди титулата во Шпанија. Мадритскиот тим поголем дел од натпреварот играше со играч помалку откако беше исклучен Диего Коста.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Тоа се случи во 28-та минута кога Коста беше бесен на главниот судија Гил Манзано бидејќи не досудил прекршок, а потоа испрати пцовки поради кои порано го заврши натпреварот.

На напаѓачот на Атлетико очигледно му се „споија жичките“, па не размислуваше што зборува.

Судијата немаше милост и заслужено го испрати во соблекувалната. Потоа настана хаос бидејќи останатите фудбалери бараа објаснување зошто Коста е исклучен, а Манзано немаше проблем да каже како Коста му се обратил.

Диего Симеоне после натпреварот дознал што се случувало и призна дека неговиот играч направил голема глупост и дека заслужил да биде исклучен.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Коста во соблекувалната сфатил што направил, но веќе било доцна да се кае. Наводно, дури и заплакал бидејќи и на него му е јасно дека ќе добие жестока казна поради дивеењето на теренот.

Мадритски „АС“ утрово објави дека Коста може да добие и осум натпревари суспензија, а тоа би значело дека за него сезоната во Ла Лига е завршена, а ако остане во Шпанија би го пропуштил и првото коло од наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Столе на првиот тренинг во Валенсија 🎥

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, денес го имаше п…