Maнчестер Сити вчера го победи ПСЖ и во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите и така „граѓаните“ го обезбедија пласманот во финалето.
Кога се ќе се собере францускиот тим не изгледаше како тим кој може да парира на лидерот од англиското првенство, а таа немоќ ги фрустрираше играчите на теренот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Така во првиот натпревар беше исклучен Идриса Гаје поради еден груб прекршок, додека вчера црвен картон заработи Анхел Ди Марија. Главниот судија сосема беше во право што за овој потег на Аргентинецот му го покажа патот кон соблекувалната.