Дома Фудбал Италија Дибала со оваа изјава предизвика „земјотрес“: „Старата дама“ се налути

Дибала со оваа изјава предизвика „земјотрес“: „Старата дама“ се налути

Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала предизвика „земјотрес“ во Италија со изјавата дека еден ден сигурно ќе го напушти Јувентус.

Италијанскиот шампион утре на свој терен ја пречекува Барселона, а Дибала за медиумите изјави:


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Од секогаш му се восхитував на Роналдињо. Тој е мојот идол. Што се однесува до Меси, голема е честа што можам да играм со него во репрезентацијата. Тој е најзаслужен за нашиот пласман на Светското првенство. Роден е да биде лидер. Меси е Марадона на нашата генерација“, изјави Дибала.

Аргентинецот потоа изјави дека сака да заигра со Нејмар и многу ги налути „бјанконерите“.

„Искрено, во иднина би сакал да заиграм заедно со Нејмар. Тоа ми е голема желба и се надевам дека еден ден ќе ми се исполни. Тој е моментално најблиску до Меси и Роналдо, а јас морам многу да се трудам за да дојдам во ситуација да ја освојам Златната топка“, заклучи Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…