Паоло Дибала и понатаму чека. Неговиот менаџер и пријател на семејството, Антун после пропаднатите преговори со Јувентус остана во Италија, но и оди на преговори низ Европа.
Она што е познато е дека Јувентус нема намера да отстапи од својата понуда, Дибала не попушта, па затоа нема договор помеѓу двете страни. Според информациите на италијанските медиуми, Дибала нема намера да ги прифати понудите на Арсенал, Тотенхем и Њукасл, неговата желба наводно е Шпанија. Меѓутоа од шпанските клубови засега интерес покажа само Атлетико.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот не сака да се пресели во Интер за да избегне конфликт со навивачите, меѓутоа секако дека „нероаѕурите“ стојат како опција, Марота чека. Од Холандија пристигнуваат и информации дека Ерик Тен Хаг кој најверојатно ќе го води клубот од „Олд Трафорд“ следната сезона го гледа Дибала во неговиот тим.
Манчестер Јунајтед на Дибала би можел да му понуди плата околу десетина милиони евра по сезона, освен тоа доаѓањето на Дибала може да донесе пресврт во ситуацијата со Погба. Погба се поврзува со заминување, но Дибала е негов добар пријател и нема да биде чудо ако во таква ситуација одлучи да остане.