Дома Топ вести Дибала е навреден, сигурно го напушта Јувентус

Дибала е навреден, сигурно го напушта Јувентус

Иднината на Пауло Дибала е главна тема бидејќи Аргентинецот готово сигурно ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дибала е навреден од односот на раководството кон него и донел одлука да ги прекине преговорите за продолжување на соработката, пренесува „Тутоспорт“.

Дибала е незадоволен бидејќи имал џентлменски договор со раководството да му биде понудена конкретна сума. Меѓутоа, тие го оставија да чека еден месец, а потоа му понудиле пониска сума од договореното.

Понудата била за 25% пониска од тоа што Дибала го очекувал, па Аргентинецот донел конечна одлука да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

Дибала и неговиот менаџер веќе почнале да преговарата со заинтересираните клубови, а интерес за Аргентинецот покажуваат Интер, Манчестер Сити, Ливерпул и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…