Дома Фудбал Италија Дибала вечерва се простува од навивачите на Јувентус: Мислев дека ќе бидеме заедно уште неколку години…

Дибала вечерва се простува од навивачите на Јувентус: Мислев дека ќе бидеме заедно уште неколку години…

Паоло Дибала денес го игра последниот натпревар во дресот на Јувентус на домашен терен.

Аргентинецот во натпреварот против Лацио сигурно ќе добие овации од трибините после седум години поминати во клубот. Дибала во Јувентус имаше добри и помалку добри работи, последните негови сезони во Торино беа обележани со повреди. Токму и повредите се главната причина поради која Јувентус не се одлучи да му ги исполни условите кои ги бара.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дибала од Јувентус веќе и се прости со емотивна порака:

„Тешко е да се најдат вистинските зборови за збогување, поминаа многу години и многу емоции. Мислев дека ќе бидеме заедно уште неколку години, но судбината не води на различни начини. Никогаш нема да заборавам ништо што доживеав во Јуве, секој натпревар, секој гол. Пораснав со тебе, научив, живеев и сонував. 7 години магија, 12 трофеи и 115 гола кои никој не може да ни ги одземе. Никогаш.

Ви благодарам што ме поддржувате и во тешки моменти. Им благодарам на сите кои застанаа покрај мене во текот на овие години, од првиот до последниот, од навивачите до оние кои работаат во оваа институцијаа, на сите, тренерот и соиграчите, персоналот и менаџерите. Носењето на овој важен дрес заедно со капитенската лента е една од најголемите гордости во мојот живот, која се надевам дека еден ден ќе им ја покажам на моите деца и внуци.

Утре (денес) ќе биде мојот последен натпревар во овој дрес, тешко е да се замисли, но тоа ќе биде нашето последно збогување. Нема да биде лесно, но на теренот ќе влезам со насмевка и крената глава знаејќи дека дадов се за тебе“, стои во пораката на Дибала.

Засега не е познато каде ќе продолжи, а сигурно дека мислењето на навивачите за него ќе се промени ако ја избере понудата од Интер кој се уште важи за најсериозен кандидат за потписот на Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …