Веќе неколку недели наназад се водат преговори помѓу Јувентус и Паоло Дибала.
Како што гласат последните информации Аргентинецот наскоро ќе добие нов договор. Во текот на оваа недела се очекува да се случи клучната средба на која Дибала и конечно ќе го продолжи договорот со „старата дама“.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тоа ќе биде четврта средба на агентот на Дибала со раководството на клубот.
Актуелниот договор на Дибала истекува наредното лето, токму затоа во Јувентус сакаат да ја завршат побрзо работата.