Дома Фудбал Останато Диаби откако доби отказ објасни зошто го украл часовникот

Диаби откако доби отказ објасни зошто го украл часовникот

Фудбалерот Ламине Диаби, со кого Ница го раскина договорот поради кражба на часовник од соиграчот на Каспер Долберг,  објасни зошто го сторил тоа и се извини за својата постапка.

Минатиот месец се случуваше срамна епизода во соблекувалната на Ница, беше украден часовник вреден 70.000 евра во сопственост на Долберг.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кога беше утврдено дека кражбата е дело на 18-годишниот Диаби, клубот го раскина договорот со талентираниот фудбалер.

„Мојот чин не беше сторен заради алчноста, туку заради разочарувањето и зависта. Имам само 18 години, но мојата возраст не е оправдување. Мојата тешка состојба беше во контраст со успехот на Каспер Долберг. Неговиот часовник го зедов без причина, може од завист. Наместо да се борам за место на теренот, јас се однесував кукавички. Сега го напуштам клубот, каде што секогаш сакав да успеам и да напредувам, што е најголема казна за мене“, напиша Диаби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…