Дома Фудбал Останато Де Јонг откри каде ќе завршел ако не потпишел за Барселона

Де Јонг откри каде ќе завршел ако не потпишел за Барселона

Младиот холандски фудбалер Френки Де Јонг ова лето пристигна во Барселона од Ајакс како големо засилување.

Барса уште во јануари објави дека го договориле трансферот на Де Јонг од Ајакс за 75 милиони евра, но одлучено беше тој да остане во Амстердам до крајот на сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Де Јонг на новиот клуб му се приклучи ова лето и се избори за место во првиот тим. Јасно е дека Валверде смета на Де Јонг кој треба да биде еден од клучните играчи во средниот ред во наредните сезони.

Холанѓанецот не криеше дека Барселона секогаш била негова прва желба и дека е среќен што на крајот пристигнал во каталонскиот клуб. Сепак, искрено откри во кои клубови ќе играл ако Барселона не покажала интерес.

„Прв пат за интересот на Барселона слушнав летото 2017 година. Тие го контактираа мојот агент и имаше разговор. Сепак, заклучивме дека најдобро е да останам во Ајакс уште една година, освен тоа клубот не сакаше да ме продаде“.

„Агентот ми кажа дека Барселна покажала интерес и дека треба да размислам. Бев многу горд, ми годеше тоа. Морам да признаам дека ако Барселона не ме доведеше денес ќе играв во ПСЖ или Манчестер Сити. Ја избрав Барселона поради нивниот стил на игра и планот за мене кои ми го претставија“, изјави Де Јонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Симеоне за првпат се огласи по хаосот на „Енфилд“ во кој ќе се степааше со навивачите

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази жалење поради инцидентот со навивачите …