Дома Фудбал Останато Де Роси поради Рој Кин и Пол Сколс не заиграл за Манчестер Јунајтед

Де Роси поради Рој Кин и Пол Сколс не заиграл за Манчестер Јунајтед

Легендарниот италијански играч за врска Даниеле Де Роси во својата кариера играше само за два клуба, Рома и Бока Јуниорс. Де Роси имал прилика да игра за Манчестер Јунајтед, но истата ја одбил.

Де Роси во текот на кариерата запиша повеќе од 600 натпревари во Рома, а се прости во дресот на Бока. Во минатото беше мета на бројни клубови, а сега конкретно објасни зошто го одбил Манчестер Јунајтед.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Од мали нозе го сакав Јунајтед, но не беше исправна одлука да одам тогаш во тој клуб затоа што на мојата позиција ги имаа Рој Кин и Пол Сколс. Неверојатни играчи“, порача Де Роси во изјавата за „Скај Спорт“.

Исто така додаде дека со потписот за Бока Јуниорс остварил една голема желба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

АС: Перез го повика Анчелоти на итен состанок

Фудбалерите на Реал Мадрид беа поразени во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на…