Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Де Ла Фуенте по освоената европска титула заминува од клупата на Шпанија?!

Де Ла Фуенте по освоената европска титула заминува од клупата на Шпанија?!

Шпанија по четврти пат во својата историја стана Европски шампион. „Црвената Фурија“ во финалето во Берлин беше подобра од Англија со 2:1.

Поставувањето на Де Ла Фуенте за селектор во 2023 година се покажа како полн погодок. Од тој момент Шпанија со него на клупата во 23 натпревари стигна до 20 победи, едно реми и два порази (вклучувајќи ги и пеналите како победи).

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Претходно тој работеше како селектор на репрезентациите до 19 и 21 година и со двете го освојуваше Европското првенство, а со сениорите сега го освои вториот трофеј откако минатото лето беше победник во Лигата на Нации.

Поради тоа што му оди одлично по финалето се појави изненандувачка вест. Имено, реномираниот „Вашингтон пост“ пишува дека Де Ла Фуенте е заинтересиран да ја преземе репрезентацијата на САД.

„Претставници на САД го контактираа Де Ла Фуенте откако селекторот Грег Берхалтер беше отпуштен минатата недела. Нивниот разговор поминал позтивно и Де Ла Фуенте изразил заинтересираност за работата“, пишува „Вашингтон пост“.

Навистина е тешко да се поверува во ваквата најава, но останува да видиме што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ливерпул со јасна порака до Барселона: Кога Бруно вреди 100 милиони евра, тогаш толку вреди и Дијаз!

На релацијата меѓу Луис Дијаз и Барселона се појавија најнови вести – спортскиот директор …