Дома Фудбал Многу проблеми за Де Ла Фуенте: Против Франција стартува со 38-годишниот ветеран?

Многу проблеми за Де Ла Фуенте: Против Франција стартува со 38-годишниот ветеран?

Репрезентацијата на Шпанија се соочува со многу проблеми пред полуфиналето со Франција.

Фудбалерот на Реал Мадрид Дани Карвахал е надвор од комбинација поради црвениот картон кој го заработи во четвртфиналето.

Поради картони нема да може да настапи и дефанзивецот од Реал Сосиседад Робин Ле Норманд, додека како што е познато првенството за Педри заврши поради повредата по дуелот со Тони Крос во четвртфиналето.

Сега за шпанскиот селектор пристигнаа нови лоши вести за Шпанците. Дани Олмо наводно се повредил по натпреварот со Германија и неговиот настап е под знак прашалник.

Како критична се истакнува и позицијата лев бек каде што според најавите Де Ла Фуенте би можел да стартува со 38-годишниот Хесус Навас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…