Дома Фудбал Англија Де Геа конечно стави потпис, ќе биде најплатен на „Олд Трафорд“

Де Геа конечно стави потпис, ќе биде најплатен на „Олд Трафорд“

Англиските медиуми пренесуваат дека сагата околу Давид де Геа е конечно готова и дека шпанскиот голман ставил потпис на нов 4-годишен договор со Манчестер Јунајтед.

Двете страни веќе подолго време беа во преговори за продолжување на соработката, па Манчестер Јунајтед се согласи да ги задоволи финансиските барања на голманот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, според новиот договор Де Геа ќе биде најплатен фудбалер на „Олд Трафорд“ со 15 милиони евра нето по сезона.

Шпанецот влезе во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ мораа да ги задоволат неговите барања бидејќи можеа да го загубат без пари следното лето.

Медиумите на Островот тврдат дека Де Геа ставил потпис на четиригодишен договор со опција за уште додатни 12 месеци и наскоро се очекува официјализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Исак за повредата: Разочаран сум, пораките за поддршка ми значат многу.

Фудбалерот на Ливерпул, Александар Исак, им порача на навивачите од својот клуб дека му е …