Давид Де Геа долго време го чуваше голот на Манчестер Јунајтед, а по една таква кариера откако замина од „Олд Трафорд“ не сакаше да потпише за било кој клуб и чекаше понуда која би била интересна.
Поради тоа шпанскиот голман ја пропушти целата сезона и јасно е дека нема да брани на Европското првенство. Претходно еден од клубовите со кои се поврзуваше е Реал Бетис, а сега истиот клуб е повторно во игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најавите се дека Де Геа конечно би можел да ја прифати понудата на тимот од Севиља и да потпише во моментот кога ќе се отвори прозорот за регистрација на нови фудбалери. Така од следната сезона Де Геа би го бранел голот на Бетис.
Во овој момент Бетис е на седмата позиција во шпанското првенство.