Дома Трансфер зона Де Геа и ова лето ги договорил условите со Реал, но Зидан го стопирал трансферот

Де Геа и ова лето ги договорил условите со Реал, но Зидан го стопирал трансферот

Приказната за доаѓањето на шпанскиот голман Давид Де Геа во редовите на Реал Мадрид се пишува во шпанските медиуми неколку сезони.

Де Геа беше најблиску до Мадрид пред две сезони кога последниот тен од трансфер периодот остана без трансфер, бидејќи двата клуба задоцнија со документите.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Сепак, Реал не се откажа од Де Геа, па и ова лето се обидуваа да го доведат, но евентуалниот трансфер го стопирал тренерот на „Кралевите“, Зинедин Зидан. Наводно, Де Геа, според пишувањата на шпанската „Марка“, ги договорил условите за трансфер во Реал, но Зидан им рекол на управата на клубот дека тој има потполна доверба во Кејлор Навас и дека не му е потребен друг голман.

Управата, на чело со претседателот Флорентино Перез ги прифатиле зборовите на човекот кој им ги донесе двете титули шампион на Европа и ги кренаа рацете од шпанскиот чувар на мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…