Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека Давид де Геа наскоро ќе стави потпис на нов договор.
Актуелниот договор на Де Геа со Манчестер Јунајтед истекува во 2019 година, меѓутоа „црвените ѓаволи“ имаат опција да ја активираат клаузулата и автоматски да го продолжат договорот за уште една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од „Олд Трафорд“ сигурно ќе ја искористат таа опција и ќе го задржат Де Геа најмалку до 2020 година.
„За голман како него и клуб како овој е нормално дека нема да дозволиме таа опција да остане неискористена. Раководството на клубот спрема за Давид нов договор со кој ќе може да остане во клубот многу, многу долго“, истакна Мурињо.
Manchester United are ready to hand 27-year-old Spain goalkeeper David de Gea a new contract that will keep him at the club for the rest of his career. (Source: Mirror) pic.twitter.com/fbm2TEO5SS
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 15, 2018