Екипата на Јувентус веќе подолго време се обидува да го доведе Стефан Де Вриј од Лацио, но тоа барем до овој момент не им успева.
Фудбалерот на Лацио би можел да ја промени средината и да го напушти Лацио, но изгледа дека тоа нема да се случи до крајот на ова лето.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Де Вриј има договор со Лацио се до 2018 година, а Јувентус се обидува да го убеди да се пресели во Торино. Лацио за него бара 40 милиони евра, му понуди и нов договор до 2022 година и далеку поголема плата од 1.3 милиони евра годишно.
Сепак, Јувентус се надева дека може да го добие на крајот од сезоната, кога истекува неговиот договор со Лацио и „бјанконерите“ со фудбалерот преговараат токму за ваква опција.
„Старата дама“ веќе во јануари ќе има прилика да потпише договор Де Вриј, секако доколку тој не го продолжи договорот со клубот од Рим.