Дома Фудбал Останато Де Бур смета дека Ајакс има двајца играчи кои веднаш би се вклопиле во првиот тим на Барселона

Де Бур смета дека Ајакс има двајца играчи кои веднаш би се вклопиле во првиот тим на Барселона

Роналд Де Бур, братот близнак на Франк Де Бур го коментираше овогодишниот тим на Ајакс и смета дека тука има многу квалитетни играчи, а двајца според него се издвојуваат, и тоа двајца многу млади играчи.

Френк Де Јонг е одличен, тој е фудбалер поради кого доаѓате на стадион да гледате. Тој е еден од оние играчи кои прават разлика на теренот, а се уште е исклучително млад. Не знам дали ќе си замине во Барса, но логично би било подобро да оди, тој има доволно квалитет да биде успешен на Камп Ноу“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Де Лихт е уште еден играч кој е фантастичен, а и тој како Де Јонг веднаш би можел да игра во стартниот состав на Барселона, без никаков сомнеж. Тој игра како да има 30 години, а има само 19“, изјави Де Бур.

Ајакс во среда ќе игра во Лигата на Шампионите против АЕК, а ова е прилика за младите играчи да се покажат во најдобриот свет. Сигурно дека многу клубови ќе ги следат, а веќе е познато дека 21-годишниот играч за врска, Франк Де Јонг е голема желба на Барселона и до следното лето ќе се обидат да го доведат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона во декември ќе одигра натпревар вреден 8 милиони евра

Раководството на Барселона наводно се ближи до финализирање на договорот за одигрување на …