Дома Фудбал Англија Де Бур: Жално е што Рашфорд игра за Мурињо

Де Бур: Жално е што Рашфорд игра за Мурињо

Поранешниот тренер на Ајакс и Интер, Франк Де Бур изјави дека е „жално“ Маркус Рашфорд да игра за Манчестер Јунајтед под водство на Жозе Мурињо.

Де Бур беше гостин на „BT Sport“ по дербито меѓу Јунајтед и Ливерпул, и го критикуваше Мурињо за неговиот однос со Рашфорд.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Жално е што тренер му е Мурињо, бидејќи во спротивно како Англичанец тој треба да добива време на теренот и да има право на грешки. Но кај Мурињо нема такво нешто. Тој сака резултати“, смета Де Бур.

„Еден или два послаби натпревари и си во аут. Но Рашфорд треба да игра, тој е млад и полн со талент. Сакам да го гледам секој викенд“, додаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблем за Барселона: Се повреди Левандовски!

Полскиот напаѓач и член на Барселона, Роберт Левандовски, се здоби со повреда на последнио…