На прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Грција Роберто Мартинез соопшти дека Кевин Де Брујн нема да игра во првиот натпревар на Европското првенство.
Фудбалерот на Манчестер Сити заработи повреда после судирот со Антонио Рудигер во финалето од Лигата на шампионите, па беше приморан да ја напушти играта. Поради тоа во таборот на репрезентацијата на Белгија се стравуваше дека Де Брујн може да го пропушти континенталниот собир кој следи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роберто Мартинез денес најави дека Де Брујн веројатно ќе го пропушти само првиот натпревар на турнирот.
„Му даваме време на Кевин да се опорави. Секојдневно сум во контакт со него и му ја следиме ситуацијата од ден во ден. Скоро сигурно нема да игра во првиот натпревар, но ќе биде достапен за Европ. Тоа немаше да биде случај ако мораше да оди на операција. За неговата повреда ќе знаеме повеќе во наредните недели“, изјави Мартинез.