Плејмејкерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујн сигурно ќе го пропушти првиот меч за Белгија на Европското првенство.
Ова денес го потврди селекторот Роберто Мартинез, откако Де Брујн се повреди на финалето во Лигата на шампиони.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Де Брујн се здоби со фрактура на носот и сигурно ќе го пропушти мечот со Русија, а на останатите натпревари ќе игра со специјална маска.
„Она што можам со сигурност да го кажам е дека Кевин нема да биде подготвен за нашиот прв натпревар. Ќе морам да му најдам достојна замена во тимот. Подоцна на турнирот, ако игра, ќе носи заштитна маска на неговото лице. Ќе знаеме повеќе следната недела дали ќе биде подготвен за другите натпревари. Сега е најважно да го оставиме да се одмори и да се подготви за турнирот”, изјави Мартинез.